Нова реакција на КК Работнички: Зошто МКФ уште не дава увид во работата? Крие ли нешто?

Од КК Работнички и по состанокот на прволигашите со раководството на МКФ со нова реакција пред јавноста потенцираат дека тимот од Градски парк ќе продолжи да ја бара правдата за сите случувања во и околу македонската кошарка. Наспроти ветувањата од „куќата на кошарката“, како што велат од КК Работнички, се уште немаат добиено одговор на нивните и барањата од прволигашите и увид во работата на органите на МКФ за што имаат право. Па, се прашуваат дали МКФ нешто крие!?

СООПШТЕНИЕТО ОД КК РАБОТНИЧКИ ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Кошаркарскиот клуб Работнички продолжува и понатаму,поднесовме повторно барање до МКФ.Работнички не попушта, ќе ја бара правдата.

Денес е повторно испратено барање и до В.Д. Комесарот за натпреварување – Горан Трпушевски.

Имајќи ги во предвид сите претходни наши обраќања до Македонската Кошаркарска Федерација,а во кои упатуваме на потребата за соодветно постапување спрема оние кошаркарски клувоби кои ја немаат исполнето обврската за подмирување на доспеаните долгови сметаме дека е неопходно и Ваше запознавање, и следвствено на тоа,постапување во однос на истото.

Со овој наш допис до комесарот за натпреварување  е должен да постапи во рамките на неговите задолжувања,а согласно актите на МКФ кои упатуваат и ги уредуваат неговите права и обврски-согласно член 51.

Комесарот за натпреварувања ги извршува работите од својата надлежност,што се регулирани со Правилникот за натпреваување и пропозициите за натпреварување на МКФ,па согласно член 14 став 1 алинеја 6 од Правилникот за работа на Комесарот за натпреваување има обврски за покренување дисциплинска постапка и сузпензија на клуб,играч,судија или дегат.

Според член 27.3 од Статутот бараме да ни се достави увид во работата на органите и телата на Федерацијата и стручните облици на организирање во кошаркарскиот спорт притоа истото беше и побарано на состанокот на Прволигашите и  самата Федерација се согласи дека ќе дозволи увид но……

Во МКФ има молк, нема никаков одговор на нашето барање и барањето на Прволигашите – се крие ли нешто???

Почитувана јавност нашиот клуб кој е доследен на принципите бараме одговор од врвот на МКФ но доколку тоа не се случи,а веројатноста е огромна за тоа да не биде проследено, правдата  ќе ја бараме  преку сите други правни механизми кои му стојат на располагање на КК Работнички.

До кога ќе биде молкот? Зарем врвот на кошарката Македонската Кошаркарска Федерација не се бори за сите рамноправно или некој некого сокрива……..

Со почит КК Работнички

Се вчитува...