Уште една сензација на УС Опен. По претходната елиминација на Руне, надвор од УС Опен веќе е и грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој беше елиминиран од 128-от тенисер во светот.
Подобар од Циципас, по четири часа и 10 минути игра, беше Швајцарецот Доминик Стрикер победувајќи во пет сета, 7-5, 6-7, 6-7, 7-6 и 6-3.
Циципас, како седми носител, беше дел од ждрепката каде беше Новак Ѓоковиќ, со што сега олеснет сигурно е патот на Србинот до финалето.
На женскиот дел на УС Опен, пак, првата носителка Ига Швјонтек немаше никаков проблем за пласман во 3. коло, победувајќи ја во два сета Австралијката Савил со 6-3, 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА