Нова сензација на Ролан Гарос – Крај за Симона Халеп!

Романката Симона Халеп изненадувачки го заврши настапот на Ролан Гарос, откако во осминафиналето беше декласирана од полската тенисерка Ига Свјонтек со 2-0 по сетови 6-1 и 6-2. Првата носителка во Париз беше непрепознатлива во мечот во кој траеше само еден час и девет минути. Со овој пораз Халеп ги загуби шансите да се искачи на првото место на ВТА-листата, за што и беше неопходно да се закити со трофејот на Ролан Гарос.

Во четвртфиналето Свјонтек ќе игра против Италијанката Мартина Тревисан која исто така направи своевидна сензација елиминирајќи ја петтата носителка, Холанѓанката Кики Бертенс со 2-0 (6-4 и 6-4).

Во текот на денешниот ден ќе се одиграат уште два натпревар од осминафиналето во женска конкуренција во кои се среќаваат Свитолина-Гарсија и Подороска-Крејчикова.

Се вчитува...