Нова сезнација на Ролан Гарос – Младиот Синер го елиминираше Зверев

Младиот италијански тенисер Јаник Синер го елиминираше петиот носител, Александар Зверев во осминафиналето на Ролан Гарос. Италијанецот беше подобар од финалистот на УС опен со 3-1, по сетови 6-3, 6-3, 4-6 и 6-3.

Тој во четвртфиналето ќе се сретне со вториот носител Рафаел Надал кој денеска беше сигурен против Американецот Себастијан Корда со максимални 3-0.

Кај дамите пласман во четвртфиналето обезбедија Украинката Елина Светолина која беше подобра од домашната тенисерка Каролин Гарсија и Аргентинката Надја Подорска која ја елиминираше Барбора Крејчикова од Чешка.

Се вчитува...