За Антоан Гризман нема иднина во Барселона, јасна е пораката од соиграчите и од стручниот штаб откако францускиот голгетер беше изоставен од стартниот тим на Барса и за вечерашното дерби против Атлетико Мадрид.
Каталонскиот гигант го пречекува поранешниот тим на Гризман во меч во кој мора да се стигне до победа, но тренерот Сетиен не верува во Французинот, па го остави на клупата за резерви по третпат во последните петнаесет дена, откако големиот ас не беше стартер ниту против Севилја и Селта Виго.
Барса со години наназад игра во формација 4-3-3, но Сетиен го прекрши и ова „непишано правило“, па реши против Атлетико да истрча со 4-4-2. Меси и Суарез ќе бидат најистурени во нападот, на клупата ќе остане и младиот Ансу Фати, а во средниот ред шанса ќе добие Пуиг, заедно со Видал, Ракитиќ и Бускетс.
На спротивната страна, Диего Симеоне го остави на клупата својот најскап фудбалер, Жоао Феликс, давајќи им предност во нападот на Кореа и на Диего Коста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА