Нова шлаканица за ПСЖ

ПСЖ претрпе неочекуван пораз на домашен терен од Рен со 0-2, уште една слика за катастрофалната форма во која се наоѓа францускиот гигант. Тандемот Меси – Мбаше денеска воопшто не функционираше, а францускиот голгетер немаше свој ден, откако во неколку ситуации не успеа да го совлада гостинскиот голман Манданда.

Рен ги имаше првите две полушанси на натпреварот, но потоа ПСЖ ја презеде контролата на средината од теренот. Мбапе пропушти убави ситуации да го доведе фаворитот во водство, а кога се очекуваше на одмор да се замине со 0-0, гостите први поведоа со голот што го постигна Токи Екамби, кој побегна зад последната линија на „светците“ и го совлада Донарума.

ПСЖ се уште беше во шок, а Рен ја дуплираше предноста на самиот почеток од второто полувреме, со голот што го постигна поранешниот младинец на ПСЖ, Калимуендо за 0-2.

Шампионот се обиде да стори нешто повеќе, но не успеа да најде начин да го матира Манданда, за нов разочарувачки резултат и уште поголем притисок врз тренерот Галтие.

Се вчитува...