Австрискиот репрезентативец со српско потекло, Саша Калајџиќ заработи нова тешка повреда на натпреварот од 22. коло во Бундеслигата помеѓу неговиот Анјтрахт Франкфурт и Фрајбург.
Напаѓачот се повреди во иницијалниот дел од натпреварот при трк кон казнениот простор на ривалот. Прво осети болка, потоа падна и се фати за коленото по што мораше да го напушти теренот.
Медицинските прегледи утврдија дека станува збор за пукнатина во предниот вкрстен и латерален лигамент на коленото со што го очекува долга пауза и тој нема да биде дел од репрезентацијата на Австрија на престојното Европско првенство.
За Калајџиќ тоа е трета голема повреда од 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА