Нова топка за нокаут фазата на Мундијалот – Телстар Мечта

Натпреварите од нокаут фазата на Светското фудбалско првенство ќе се играат со нова топка. Компанијата „Адидас“ денеска официјално ја претстави топката за елиминациите на Мундијалот. Нејзиното име е „Телстар Мечта“.

Дизајнот на новата топка го задржува изгледот на „Телстар 18“, со која се играат мечевите од групната фаза на СП, но, сепак, има малку пошарен лик. Основата е бела, но лентите ќе бидат со црвена, црна, сива и портокалова боја. Името „Телстар Мечта“ не е избрано случајно, туку треба да биде мотивација за успешен финиш на учесниците на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...