Нова војна меѓу Новак Ѓоковиќ и АТП

Парите се причина за нова војна меѓу Новак Ѓоковиќ и Асоцијацијата на тениски играчи (АТП), пренесуваат швајцарските медиуми. Од АТП сметаат дека врвните тенисери треба повеќе да заработуваат бидејќи и повеќе допринесуваат за популарноста на спротот, констатација со која не се согласува првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ кој сака и послаборангираните тенисери да добијат неопходна помош.

„Паричната награда во квалификациите и во првите кола мора да се намали за да се додаде поголема сума на пари во подоцнежните рунди од турнирите“, стои во нацрт документот на АТП. 

По продолжението на сезоната Новак активно почна да се бори за правата на послаборангираните тенисери, а формираше и ново здружение кое не доби поддршка од неговите најголеми ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Се вчитува...