Германскиот шампион Баерн Минхен тргнува на шопинг во Лондон, а главна мета ќе биде Хари Кејн, играч кој германскиот клуб го гледа како идеална замена за Роберт Левандовски.
Баварците веќе и официјално испратиле барање до Тотенхем за достапноста на Хари Кејн, легендата на клубот, вториот најдобар стрелец во историјата и капитен на англиската репрезентација.
Кејн следниот месец полни 29 години, а досега постигна 247 гола во 385 натпревари за Тотенхем. Во последните шест години тој три сезони ги заврши како најдобар стрелец во Премиерлигата, а неговиот договор со клубот е со важност до летото 2024.
Баерн на тој начин продолжува со офанзива кон дел од напаѓачите на англиските премиерлигаши. Клубо е во интензивни преговори со Ливерпул за доведување на Садио Мане, кој се очекува наскоро да се пресели во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА