Новак: Ако навистина сакате да знаете … не бев во тоалет, но паузата ја искористив за да ја променам долната облека

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција по одличниот пресврт во дуелот со Лоренцо Мусети, а на прес-конференцијата по мечот опиша како успеал да дојде до промена во пристапот кон играта.

19-годишниот Италијанец ги доби првите два сета во тај-брејк, а потоа Новак освои 15 од следните 16 гејма пред Италијанецот да биде принуден да се предаде поради повреда на препоните.

Ѓоковиќ се отвори пред новинарите, па опиша како го минувал времето за време на паузата помеѓу сетовите.

„Па, ја сменив долна облека и сè останато. Ако навистина сакате да знаете, јас воопшто не користев тоалет. Штом се вратив се чувствував подобро. Понекогаш сè што треба да направите е да го ресетирате мозокот и да направите мала пауза. Ми се случувале такви работи во минатото, понекогаш ти треба само ментално освежување“, рече Новак.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Матео Беретини, кој помина без борба меѓу најдобрите осум на Ролан Гарос затоа што Роџер Федерер се повлече од турнирот.

„Уште еден Италијанец, сигурно ме чека добар натпревар. Тој има одличен сервис и одличен форхенд, тоа се две сериозни оружја. Матео е агресивен. Тој беше меѓу првите десет тенисери во последните две години и секој го покажува својот најдобар тенис на Гранд слам турнирите“, објасни Србинот.

 

 

 

Се вчитува...