Новак: Да се бањаш гол во мраз среде меч – чувството е прекрасно

Повеќе од три часа борба му беа потребни на Новак Ѓоковиќ за да се пласира во второто коло од УС Опен, а покрај незгодниот ривал од Унгарија големи проблеми на српскиот тенисер му создаваше и превисоката температура. Токму поради ова и двајцата тенисери имаа падови во својата игра, беше земена и пауза за „ладење“, а Ѓоковиќ по мечот откри и како ги минал тие десетина минути.

„Гол се бањав во мраз, ете што правев… и можам да кажам дека чувството беше прекрасно. Се бориш со противникот два и пол часа, потоа влегуваш во соблекувалната, знаеш дека ништо не е готово – се соблекуваш и тргнуваш да се бањаш гол во мраз“ – со насмевка коментираше српскиот тенисер.

Се вчитува...