Новак доби поддршка од ФИФА – Стартува Лига на шампиони во тенис

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, наводно добил поддршка од Светската фудбалска организација – ФИФА, а планот е да направи тениско натпреварување засновано на форматот на Лигата на шампионите во фудбал.

Според италијанските миедумите, Новак започнува вистинска тениска револуција, на големо задоволство на фановите на „белиот спорт“.

„Ѓоковиќ отиде чекор понатаму и потпиша соработка со ФИФА со цел да се создаде ново натпреварување – тениската Супер лига. Тоа би бил турнир од светска класа, еквивалент на Лигата на шампионите, кој има толку голем успех и гледаност. Светскиот рекет број еден веќе направи нов сојуз на играчи и сака да биде дел од реформите во тенисот. Неговата идеја е едноставна и истовремено комплицирана. Не е лесно да се направи толку голем настан што ќе биде сличен како Лигата на шампионите – групна фаза, потоа осминафинале, четвртфинале, полуфинале и конечно финале на неутрална локација“, тврдат медиумите од  Италија, кои додаваат дека Здружението на играчи (ПТПА) е вклучено во целата идеја, на чело со Новак.

Планот е тенисерите да претставуваат одредени фудбалски клубови. На пример, Рафаел Надал, како навивач на Реал Мадрид, може да игра за нив, Ѓооковиќ е познат како навивач на Црвена Звезда и тој би можел да игра во црвено-бел дрес. Останува да се види како тенискиот свет ќе реагира на оваа идеја, но веќе има двајца големи промотори на оваа замисла – Ѓоковиќ и ФИФА.

Се вчитува...