Новак доби подарок: Србинот ќе скија во Австрија во друштво на олимпискиот шампион Рајх

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби скии на подарок по победата над Австрија во Дејвис купот во Инсбрук, а на домаќините им беше благодарен за трудот и органзиацијата.

Србинот потенцираше дека скијањето му е втор најомилен спорт, па истакна дека едвај чека да почне зимската пауза и да замине на планина.

„Прекрасен подарок. Скиите се подготвени. Сакам да му се заблагодарам на „SPURart“ што направи специјални скии со моето лого, навистина сум импресиониран. Не го очекував тоа. Јас сум страствен скијач, како мал се натпреварував – татко ми, вујко ми, тетка ми, сите беа професионални скијачи. Поминав многу време на планините во Србија. Скијањето е длабоко во моето срце, веројатно спорт број еден за мене после тенисот. Го сакам тоа чувство што го имам на планина. Почестен сум, дизајнот е фантастичен и благодарен сум“, изјави Новак.

Исто така, Ѓоковиќ откри дека добил подарок и од туристичката организација Инсбрук.

„Здружението ми даде купон да се вратам во Австрија и да скијам со Бенџамин Рајх, олимпискиот шампион. Дефинитивно нема да ми недостига скијањето оваа зима, едвај чекам. Разговарав малку со него и се надевам дека следниот пат ќе скијаме заедно. Тоа ќе биде неверојатно искуство“, потенцираше најдобриот светски тенисер.

 

Се вчитува...