„Новак е човек кој стои зад своите верувања, заслужува голема почит“

Новак Ѓоковиќ доби уште поголема почит со одлуката да го стави своето здравје пред амбциите. Србинот кој беше депортиран од Австралија и му беше оневозможено учество на првиот гранд-слем турнир во сезоната поради непримена вакција против коронавирусот, во интервју за „Би-би-си“ изјави дека здравјето го става на прво место пред настaпите на големите турнири и трката со Надал и Федерер за најдобар тенисер во историјата.

Според Патрик Миратоглу тоа го покажува карактерот на Ѓоковиќ и со тоа српскиот ас заслужува почит без разлика на тоа каков став имаат луѓето за вакцинацијата.

„Изненаден сум од изјавата на Новак. Никогаш не би помислил дека тоа е неговиот избор. Сите знаеме дека се бори да биде најдобар на сите времиња. Се натпреварува со Рафа и Роџер и се наоѓа во најдобро позиција бидејќи е помлад од нив. Својот став за невакцинирање го стави пред трката за најдобар на сите времиња, а тоа е многу моќно. Покажа за каква личност станува збор и тоа е позитивно. Тој има силни верувања и храброст да застане зад нив. По се што се случи во Австралија помислив дека ќе рече – Океј, имам голема шанса да станам најдобар на сите времиња, ја прифаќам вакцинацијата и луѓето повеќе нема да бидат против мене. Но, се одлучи за спротивното. Мислам дека тој го стои зад своите верувања заслужува голема почит, без разлика на тоа кое мислење го имате на таа тема“, вели Миратоглу.

Се вчитува...