„Новак е генијалец, перфекционист, но има една мана“

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ говореше за својот пулен. Тој покрај тоа што збореше за играта и теренот, откри неколку тајни за Србинот кои ретко кој фан во светот ги знае. Како што вели Иванишевиќ колку и да е генијален и перфектен на теренот, надвор од него тој има проблем со доцнење.

„Ноле е генијалец, перфекционист. Веројатно само со една работа има проблем. Тој е скаран со часовникот. Мислам дека во животот никогаш нема дојдено на време. И тој го знае тоа, но џабе е нема помош. Кога за нешто се договараме сите знаеме дека ќе задоцни и веќе сме навикнати на тоа“, изјави Иванишевиќ. 

Првиот рекет во светот  во моментов е во Белград каде настапува на турнир од серијата 250, а веќе од понеделник го очекуваат натпреварите на вториот гран-слем во сезоната, Ролан Гарос.

Се вчитува...