„Новак е најдобриот тенисер кој сум го видел, нема повеќе дилеми“

Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата во „белиот спорт“ и оваа сезона во која стигна до три големи титули. Последната од нив беше освоена во Њујорк и истата е 24. грен-слем титула за српскиот тениски ас.

За Србинот пофални зборови имаше и тренерот на Јаник Синер, Дарен Кејхил кој е и аналитичар за „ЕСПН“.

„Знаевме дека Медведев ќе се бори до последниот здив за физички да победи, но проблемот кој Данил го имаше е тоа што и Новак беше подготвен да го направи истото. Затоа вториот сет беше таква физичка и ментална борба за тоа кој прв ќе попушти.

Не знам дали се гледа тоа на телевизија, но најтешко во играта против Медведев е тоа што неговиот бекхенд има многу низок отскок, некаде околку коленото. Кога перфектно ги удира топките многу е тешко да играш против него и треба во континуитет да враќаш. Затоа Новак одигра 100 бекхенд слајсови, а промаши само четири.

Тој е најдобриот тенисер кој сум го видел, нема повеќе дилеми. Сите имаат свои фаворити дали Рафа, Роџер, Род Лејвер за мене, но тоа што го прави Новак е неверојатно. Беше многу зад Роџер и Рафа, а гледајте каде е сега. И не заврши со своето“, изјави Кејхил.

Се вчитува...