Новак Ѓоковиќ ја освои 20. гранд-слам титула откако славеше на Вимблдон. Тренерот на Серена Вилијамс и еден од најпознатите тениски стратези во светот, Патрик Муратоглу вели дека Србинот е најкомплетниот тенисер на сите времиња.
„Новак е најкомплетниот тенисер на сите времиња. Тоа му овозможува да пронајде решение за секој проблем на теренот, на било која подлога. Тоа и објаснува зошто е сега во најдобра позиција да стане ГОАТ“, изјави Муратоглу.
Ѓоковиќ годинава покрај на Вимблдон триумфираше и на Австралија опен и Ролан Гарос, и доколку успее да победи и на УС опен ќе стане првиот тенисер во Опен-ерата кој успеал да освои календарски гранд-слам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА