Новак: Финалето ќе го третирам како последен меч во кариерата

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ во недела ќе се бори за „календарски-слем“ во финалето на УС опен против Русинот, Данил Медведев. Тој вели дека финалето ќе го третира како да е негов последен натпрвеар во кариерата.

„Следниот меч ќе го третирам како последен во кариерата. Ќе го дадам своето срце, душа, тело и својата глава како би победил. Им благодарам на навивачите за атмосферата. Ова се моменти за кои живееме“, изјави Ѓоковиќ. 

Финалниот меч меѓу Ѓоковиќ и Медведев е закажан за во недела со почеток во 22 часот по средно европско време.

Се вчитува...