Новак го „урна“ Зверев – Уште само еден меч за историја!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС опен откако во неверојатен натпревар во пет сета славеше над Германецот, Александар Зверев со 3-2, по сетови 4-6, 6-2, 6-4, 4-6 и 6-2.

Во мечот кој траеше нешто помалку од четири часа, Србинот повторно имаше сет негатива на почетокот, но на крајот успеа да дојде само на еден меч во историја.

Последна пречка за освојување на календарски-слем за првиот тенисер во светот ќе биде Русинот, Данил Медведев кој претходно во првото полуфинале со 3-0 беше подобар од Канаѓанецот, Феликс Оже-Алиасим.

Се вчитува...