Новак Ѓоковиќ доминатно до следната рунда во Њујорк

Новак Ѓоковиќ ја продолжува потрагата по „златен слем“ на УС Опен откако српскиот ас убедливо славеше над Холанѓанецот Талон Гриекспор со 3-0.

Српскиот ас првиот сет го доби со 6-2, во вториот славеше со 6-2, додека третиот повторно го заврши со триумф од 6-2.

Во следната рунда рекетот број еден ќе се сретне со Јапонецот Кеи Нишикори кој славеше над Мекензи Мекдоналд со 3-2 во маратонскиот меч кој траеше четири часа.

Се вчитува...