„Новак Ѓоковиќ е поголем спортист од Мајкл Џордан“

Претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, легендарниот кошаркарски тренер Божидар Маљковиќ одново говореше за српските медиуми по повод Летните олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржат во главниот град на Франција, Париз.

Маљковиќ говореше на повеќе теми поврзани со српските спортисти и очекувањата за собирот на најдобрите спортисти на светот, а имаше интересна изјава поврзана за Новак Ѓоковиќ.

„Сите кои барем еднаш се напиле кафе со мене знаат колку го сакам Џордан. Новак Ѓоковиќ го надмина Мајкл Џордан како најдобар спортист на сите времиња. Започна од Копаоник, тренираше по празни базени како и Ана Ивановиќ. Мајка му имаше мала сендвичара, а татко му трчаше, позајмуваше пари… Новак го направи овој успех сам. Џордан имаше компании зад себе и му беше далеку полесно“, вели Маљковиќ.

Се вчитува...