Новак Ѓоковиќ експресно до третото коло на Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја запиша 76-та победа на Ролан Гарос.

Шампионот од 2016 година се пласираше во третото коло на Грандслем турнирот во Париз, откако во три сета славеше против Уругваецот Пабло Куевас со 6-3,6-2,6-4. Мечот на стадионот „Сузан Ленглен“ траеше вкупно 125 минути.

Беше тоа лесна победа за Ѓоковиќ кој во мечот со 92-от тенисер во светот, во нивниот прв досегашен меч потврди дека се наоѓа во одлична форма.

Се вчитува...