Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи паузата во тениската сезона која ќе трае цел февруари да ја искористи за скијање. Моментално е во Вал Гардена, на северот на Италија, каде со семејството ужива во своето омилено хоби.
Рекетот го замени со скии и со тоа се пофали на социјалните мрежи. Интересно е што покраината Јужен Тирол, е местото од каде што потекнува Јаник Синер, новиот шампион на Австралија опен. Италијанецот го совлада Ѓоковиќ во полуфиналето на првиот гранд-слем во сезоната.
Инаку, самиот Синер како момче бил шампион во алпско скијање, но на 13-годишна возраст решил да се проба во тенисот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА