ВИДЕО: Ѓоковиќ го тешеше расплаканиот Димитров: „Биди горд… Ние сме генерација +30“!

Новак Ѓоковиќ не го криеше задоволството по освоениот нов АТП трофеј, седми негов на Мастерсот во Париз, а јубилеен вкупно 40-ти Мастерс во кариерата.

Но, Ѓоковиќ по мечот и тоа како уште еднаш покажа колкав спортсмен е тешејќи го расплаканиот Бугарин Григор Димитров.

„Ова е неверојатно, да бидам способен да освојам пехар по така тешки услови и ситуации оваа недела… Трипати се враќав од работ на бездната, но некако најдов брзина неопходна за успех. Горд сум на играта против еден таков врвен тенисер како Григор. Сакам да му порачам на Григор да не биде воопшто тажен, затоа што прави неверојатни нешта на теренот. Ние сме таа генерација 30+“ – истакна Ѓоковиќ по добивањето на трофејот.

А, пред да го добие помина прегрнувајќо го Димитров кој е негов добар пријател,

„Ова е една од најзначајните освоени трофеи затоа што трпати бев пред сигурен пораз. Затоа овој трофеј во Париз ми значи многу повеќе. Ова се огромни предизвици за мене за кои секогаш наоѓам мотив плус“.

Се вчитува...