Новак Ѓоковиќ има нов тренер – Човекот со кој ја заокружи „ГОАТ“ кариерата

Новак Ѓоковиќ веќе некое време вели дека новиот тренер може да биде само некој што веќе добро го познава. И токму тоа се случи – Виктор Троицки е нов член на тимот на Ѓоковиќ.

Троицки беше покрај Ѓоковиќ на тренинг на Ролан Гарос, кога Ноле спарингуваше со Александар Зверев.

Како тренер на српската екипа во Дејвис Купот, Троицки беше тренер на Ѓоковиќ на Олимписките игри во 2024 година, кога Ноле го освои историското злато, единствен трофеј кој му недостигаше во блескавата кариера.

Деталите од договорот се уште не се познати, во претходните години Новак имаше кратки соработки со пријатели-тренери (Ненад Зимоњиќ, Душан Вемиќ), па ќе видиме дали овој пат ќе биде поинаку.

Повеќе сигурно ќе се знае по воведната прес-конференција на Новак во Париз, која ќе се одржи во текот на викендот.

Борис Бошњаковиќ ја држеше позицијата главен тренер речиси цела година. Тој е исто така во Париз, а негова специјалност се аналитиката и скаутирањето на противниците.

Се вчитува...