Новак Ѓоковиќ ја пее „Македонско девојче“: Ех, да сум сега во Охрид… (ВИДЕО)

Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ приреди вистинско изненадување за Македонија и сите негови фанови од нашава земја… Во поинакво светло, од она вообичаеното на теренот, Ѓоковиќ по триумфот во 3. коло на Вимблдон одлучи да се опушти.

Па, во друштво на физиотерапевтот Миљан Амановиќ се вклучи во живо на Инстаграм за илијадниците свои фанови од светот, од станот во кој е сместен во Лондон, и им ја подари на светот и македонските фанови песната „Македонско девојче“… Ја запеа за сите пријатели од Македонија, притоа посебно потенцирајќи ги Охрид и Охридското езеро…

„Охридско езеро… Ех, како би сакал да сум сега таму. Испратете ми некоја фотографија од Охрид, ве молам“ – рече во еден момент Ѓоковиќ, дополнувајќи и за добро препознатливата македонска песна…

„Македонско девојче…., многу убава е оваа песната!“

Се вчитува...