„Новак Ѓоковиќ ми предизвикува стрес“

Шестиот тенисер во светот, Данецот, Холгер Руне, проговори за врската со Новак Ѓоковиќ, кој неодамна стана рекордер со 23 освоени гранд-слем трофеи.

Скандинавецот победи на два од трите дуели и е еден од ретките што може да се пофали со позитивен рекорд против Ѓоковиќ.

„Пред меч со кого чувствувам најголем стрес? Се разбира, со Новак. Ако направите една грешка, ќе изгубите. Мора да се подготвите многу добро“, рече Руне.

Норвежанецот беше запрен во полуфиналето во Квинс, а на Вимблдон е еден од главните кандидати кои треба да го спречат Ѓоковиќ да стигне до 24. трофеј на најголемите турнири.

Се вчитува...