Новак Ѓоковиќ обезбеди седмо финале на Вимблдон!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го обезбеди за себе и седмото финале на Вимблдон откако во полуфиналната пресметка славеше против канадскиот тенисер Денис Шаповалов.

Ѓоковиќ во десеттото полуфинале на лондонската трева славеше во три сета со 7-6(3), 7-5 и 7-5 не дозволувајќи никакво изненадува стигнувајќи до 20-та едноподруго победа на Вимблдон.

Новак претходно до полуфиналето стигна со победите над Драјпер, Кевин Андерсон, Денис Кудла, Кристијан Гарин и Мартон Фучович.

Во финалето ќе се соочи со Италијанецот Беретини кој во првото полуфинале, во четири сета, беше подобар од полскиот тенисер Хуркач.

Се вчитува...