Новак Ѓоковиќ реши да паузира

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ,  нема да настапи на турнирот во Виена  наредната недела и ќе одмора до турнирот во Париз на кој ќе се бори за врање на првото место на АТП листата.

По освојувањето на титулата во Шангај, Ѓоковиќ најави дека може да заигра и на турнирите во Виена и во Базел, но на крај сепак ја поромени одлуката и реши да ги прескокне овие настапи и одморен да настапи во Париз.

„Бидејќи Новак го освои турнирот во Шангај, беше јасно дека бодовите од Виена неам да му бидат потребни за тоа што го сака, а тоа е прбото место на АТП листата. Се обидовме се до крај, но не успеавме“ – изјави директорот на турнирот во Виена.

Мастерс турнирот во Париз на кој Ѓоковиќ ќе се бори за враќање на првата позиција во светскиот тенис ќе се одржи од 29 октомври до 4 ноември.

Се вчитува...