Новак говореше за финалето, го погледна син му и се расплака (ВИДЕО)

Феноменалниот Карлос Алкараз го детронизираше Новак Ѓоковиќ кој десет години немаше пораз на „Централниот терен“ на Вимблдон, откако во финалето во крајно интересен натпревар славеше со 3-2, по сетови 1-6, 7-6, 6-1, 3-6 и 6-4.

По завршувањето на финалето Ѓоковиќ имаше емотивно обраќање во кое не можеше да ги задржи солзите.

„Карлос одигра неверојатен натпревар и навистина ја заслужи оваа победа. Неверојатен си. Мислев дека ќе имам проблем со тебе на земја и можеби на тврда подлога, но ти си неверојатен и на трева. Имаш малку играно на трева пред Вимблдон и навистина завршивте голема работа. Добив многу тесни натпревари во минатото, па време беше да се сврти и среќата. Син ми е тука седи и се смее. Ве сакам и благодарам на поддршката“, заврши со солзи во очите Ѓоковиќ. 

 

Се вчитува...