Новак и официјално ја престигна Вилијамс – АТП ги „брише“ новите поени, Ѓоковиќ мора да започне да победува!

Новак Ѓоковиќ ја започна 320-тата недела на првото место на ранг-листата на тенисери, а со тоа и официјално ја престигна Серена Вилијамс во најдолго време поминато на врвот на АТП листата.

Сепак, Ѓоковиќ ќе мора да се погрижи да ја задржи оваа позиција во продолжението на сезоната, затоа што оваа недела му се бришат нови 500 бода! Новак не учествуваше на Мастерсот во Мадрид, каде го бранеше освоениот трофеј во 2019 година, па остана без 500 бода и сега е на врвот на АТП листата со 11.463 бода.

Зад него е Данил Медведев со 9.780, додека Надал е трет со 9.630 поени. Сепак, оваа недела работите стануваат интересни и за Србинот и за Шпанецот.

Поради новите правила на АТП, според кои тенисерите се полу-избришани од претходните две сезони, поради пандемијата на коронавирусот, и Ѓоковиќ и Надал ќе останат без нови 500 бода на крајот на оваа недела!

Причината е што Надал е бранител на трофејот во Рим од 2019 година, а Новак е бранител на трофејот од 2020 година од истиот турнир. Ова значи дека во најлош можен случај, ако Новак испадне од Рим веднаш, а Медведев за чудо го освои трофејот, разликата помеѓу Србинот и Русинот на првото место на АТП-листата би била само 193 поени!

Можеби е тешко да се случи било кое од овие две сценарија, но ваквата математика доволно кажува дека Ѓоковиќ мора да започне да игра на повисоко ниво ако планира да ја консолидира својата лидерска позиција пред да мора да го брани финалето на Ролан Гарос и трофејот на Вимблдон.

Се вчитува...