„Новак игра подобро од било кога, само нека биде здрав за да гледаме што подолго како пишува историја“

Поранешниот американски тенисер Џејмс Блејк верува дека нема кој да застане на патот на Новак Ѓоковиќ до новата титула на Вимблдон.

Според Блејк, српскиот тенисер е главен фаворит да дојде до својата осма титула на третиот Грандслем турнир сезонава.

„Уште пред почетокот на турнирот за мене беше главен фаворит, па и натаму мислам дека нема кој да го победи, иако се разбира мора да се потруди да дојде до своите победи. Противниците се навистина добри, Хуркач му предизвика проблеми, но Новак и покрај тоа успеа да го совлада. Мислам дека игра на неверојатно високо ниво во моментов. Треба некој од противниците да има најдобар ден во животот па да пронајде шанси да ја пробие одбраната на Ѓоковиќ. Новак игра подобро од било кога. Тенисот како игра е се подобра и подобра, а тој игра се подобро. Мислам дека е фаворит за освојување календарски грандслем, да биде трет играч во историјата на кого тоа му успеало. Единствено се надевам дека ќе остане здрав затоа што сакам да го гледам како оди по историја“ – вели Блејк.

Се вчитува...