Новак му подари маица на Иванишевиќ со посебна посвета (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ ја освои историската титула на Вимблдон, а голема улога во успехот имаше и неговиот тренер Горан Иванишевиќ. Легендарниот тенисер го доживеа најголемиот момент во кариерата кога го освои Вимблдон пред 20 години откако претходно сите го отпишаа.

Сега, тој со посебни емоции го следеше големото финале на Ѓоковиќ и Беретини и беше нервозен за секој поен до последниот момент.

После натпреварот, Новак му подари маица на која напиша специјална посвета.

„За супер тренерот Горан Вимблдон 2021 година. Дваесетта титула за дваесет години од големата победа на Горан. Одимеее”, стои во натписот на Ноле.

Иванишевиќ на својот Инстаграм профил се пофали со маичка со емотивен коментар.

„20 години подоцна, имам чест да го држам најголемиот пехар во тенисот. Овојпат во друга улога, но чувството е скоро исто. Ти благодарам за Новак за подарокот“, напиша Иванишевиќ.

 

 

 

Се вчитува...