„Новак најпрво ќе ти ги одземе нозете, а потоа…“

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос во битката еднаш засекогаш да стави точка на темата кој е најдобар на сите времиња, откако во полуфиналето славеше против младата шпанска ѕвезда Карлос Алкараз.

Алкараз беше принуден на пораз откако во третиот сет почнаа да го мачат силни грчеви на нозете, поради кои во продолжението беше далеку од ритам.

А, случувањата на теренот во Париз преку твит-објава ги објави Енди Родик уште во моментите додека финишираше натпреварот.

„Најпрво ќе ти ги одземе нозете…“ – гласеше твитот на Родик.

„А, потоа и душата“ – е продолжението од изреката која Родик намерно не сакаше да ја продолжи.

Родик дополнително објасни дека Новак Ѓоковиќ многу мечеви добил така што едноставно ги тера противниците да играат до максимум и со последниот атом од силата, и на тој начин се исцрпуваат. На несреќа на Алкараз имаше така силни грчеви поради кои не можеше да игра како во првите два сета, поради физичка исцрпеност.

„Карлос ги скратува поените, тоа е лош знак“ – напиша Родик уште по првите знаци на проблеми кај Алкараз, и пред да ги добие грчевите во третиот сет.

Се вчитува...