Новак напаѓа – Сампрас е минато, Федерер се поблизу

Убедливата победа над Рафаел Надал му го донесе на Новак Ѓоковиќ седмиот трофеј на Австралија опен, со што Србинот стана првиот тенисер во историјата со седум пехари на гранслем турнирот што традиционално се одржува во Мелбурн.

Ѓоковиќ покрај овие седум трофеи има и еден пехар од Ролан Гарос, четири од Вимблдон и три од УС Опен, за вкупно 15 гранслем пехари во својата богата колекција. Ѓоковиќ со денешната победа го остави зад себе и Пит Сампрас, кој имаше 14 пехари во неверојатната кариера, а пред Србинот сега се само уште двајца, Роџер Федерер со 20 и Рафаел Надал со 17 гранслем трофеи. Желбата на Новак е јасна, да се надмине рекордот на Федерер и да се испишат нови страници во тениската историја.

А со оглед на формата во која се наоѓа Новак, за очекување е оваа бројка се повеќе да расте, зошто не за две години и до „дваесетката“ на Федерер што до неодамна важеше за недостижна.

Се вчитува...