Новак не знае за доста – Ја започна 314. недела на врвот на АТП-листата, без промени во најдобрата петорка

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ја започна 314. недела на првото место на АТП ранг-листата. Ноле го одржува својот учинок од минатата недела, кога официјално зачекори во седмата година како светски „број 1“.

Новак остана на 12.008 бода и има сигурна предност пред второпласираниот Данило Медведев, кој има 9.940. Рускиот тениср ќе има можност да ја намали разликата на помалку од 2.000 поени, доколку оствари добар резултат на Мастерсот во Мајами, кој веќе започна, а каде што нема да биде Ѓоковиќ.

Зад Медведев е Рафаел Надал со 9.670, а бидејќи на врвот немаше промена оваа недела, следуваат Доминик Тим, Стефанос Циципас, Роџер Федерер, Александар Зверев, Андреј Рублев, Диего Шварцман и Матео Беретини.

АТП рангирање:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 12.008 поени
2. Данил Медведев (Русија) – 9.940
3. Рафаел Надал (Шпанија) – 9.670
4. Доминик Тим (Австрија) – 8.625
5. Стефанос Циципас (Грција) – 6.950
6. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.375
7. Александар Зверев (Германија) – 6.070
8. Андреј Рублев (Русија) – 5.101
9. Диего Шварцман (Аргентина) – 3.640
10. Матео Беретини (Италија) – 3.453

Се вчитува...