Новак останува „рекет број еден“: Неверојатен пресврт на Димитров против Медведев

Бугарскиот тенисер Грегор Димитров стигна до еден од најголемите пресврти во тенисот оваа сезона откако славеше над фаворизираниот Данил Медведев со 4-6, 6-4 и 6-3 со што за прв пат во својата кариера се пласираше во четвртфиналето на Индијан Велс.

Димитров кој го загуби првиот сет имаше негатива од два брејка во вториот, а при резултат 1-4, започна пресврт во осум освоени последователни гемови со што го превзема моментумот и стигна до голема победа.

Со елиминацијата на Медведев му помогна и на српскиот ас Новак Ѓоковиќ да остане на врвот на табелата најмалку до крајот на годината.

Германскиот тенисер Александер Зверев пак рутински се пласираше во четвртфиналето откако со 2-0 (6-1, 6-3) славеше над Французинот Гаерл Монфис.

Се вчитува...