„Новак понекогаш си игра со умот на противникот, се преправа дека се повредил“

Новак Ѓоковиќ доживеа поведа на стомачните мускули на средбата во шеснаесетфиналето против Тејлор Фриц при водство од 2-0 со што на крајот дуелот го заврши со победа од 3-2. По мечот Србинот беше блиску до повлекување од Австралија Опен, но одлучи да остане на турнирот, па се јавија сомнежи дека број еден тенисерот на светот ја „измислил“ повредата.

Еден од оние кој што застана во одбрана на Ѓоковиќ беше познатиот француски тенисер Патрик Муратоглу, кој вели дека за Србинот тоа е само „умствена игра“.

„Понекогаш за време на меч, кога е во тешка ситуација, Новак си поигрува со умот на своите протиници. Го има направено тоа многу пати во минатото. Кога не му оди, се преправа дека се откажува, како да не е тука, а потоа одеднаш повторно игра добро. Но никогаш нема измислено повреда на сред тунир. Во ниеден момент немам помислено дека Рафа или Новак лажат дека се повредени или дека ги преувеличуваат своите повреди. Они знаат да се носат со притисокот, затоа и се шампиони“ – изјави Французинот.

Ѓоковиќ не се откажа од турнирот, а веќе во следното коло славеше над Милош Раониќ и си го осигура своето место во четвртфиналето.

„Кога се случи повредата, Новак веројатно осеќал дека ситуацијата е потешка отколку што била. Го видовме натпреварот против Раониќ, не е можно да играте на такво ниво доколку ви пукнал мускулот. Меѓутоа очигледно беше дека има проблем, ништо нема измислено. Добро е што повредата не е тешка, бидејќи завршницата на турнирот изгледа возбудливо со Рафа, Новак и младите момци“ – додаде Муратоглу.

 

Се вчитува...