„Новак се исплашил од победа? Тоа е смешно и апсурдно!“

Најдобриот тенисер во светот не успеа да го освои УС опен и со тоа да биде првиот тенисер по Род Лејвер во (1969 година) кој стигна до „календарски-слем“.

Поранешниот австралиски тенисер, Тод Вубриџ не се сложува со дел од јавноста која смета дека тој се исплашил од победа во финалето против Медведев.

„Апсурдно е да се каже дека Новак се исплашил од победа. Апсолутно смешно. Дали се шегувате? Тоа што тој го направи е епско остварување. Дали играше најдобро што може во финалето? Не! Но, дека се исплашил немојте“, изјави Вудбриџ. 

Ѓоковиќ остана на бројката на 20 освоени гранд-слеми, а ист учинок имаат и Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Се вчитува...