Новак Ѓоковиќ, како ретко кога последниве години, немаше речиси никаква комуникација со својот тренерски „бокс“ предводен од Горан Иванишевиќ за време на мечот со Јаник Синер.
И покрај очајната игра во првите два сета, немаше никаква размена на погледи, коментари, ниту било какви разговори меѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ се до почетокот на третиот сет кога боксот на Новак стана и побара комуникација.
Но, изненадувачки Новак ниту тогаш ништо не реагираше, но целосно очигледно ги загуби нервите во четвриот сет откако го загуби својот сервис за водство од 1-3 на Синер. Тогаш се насочи кон Иванишевиќ и покажа очигледно незадоволство.
„Сите вие, сите до еден… Така сте лоши, очајни сте“ – им дофрли Ѓоковиќ на своите тренери, по што прекривајќи ја устата дофрли уште некој збор упатен кон својот тим.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) January 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА