Новак е убедливо најпопуларниот лик во Токио – Омилен во олимпиското село, пријатен со сите, достапен за сите… (ФОТО/ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е убедливо најпопуларниот и најомилен спортист меѓу учесниците на Олимписките игри во Токио.

Олимпијците буквално од сите земји и спортови изминативе денови му приоѓаат на Новак во желбата за разговор, фотографија, размена на опрема…, што на српскиот ас воопшто не му пречи, иако се чини може да биде и напорно.

Но, Ѓоковиќ се дружи со сите во олимпиското село, од гимнастичарките на Белгија, преку јужноамериканските спортисти, до бугарските атлетичари…, а имаше средба и со македонските спортисти во Токио.

Токму сето тоа не остана незабележано и од угледниот американски магазин „USA Todаy“ кој категорично тврди дека Ѓоковиќ е омилен на сите страни.

„Во еден момент Новак се истегнува пред гимнастичарки, потоа е со бразилските одбојкари, па подигнува теговови со тимот од Мексико, а на крај им дели и совети на олимпијците од Турција. Ако ги погледнете социјалните мрежи на кои сите се фалат со фотографиите со Ѓоковиќ, јасно е дека тој е најпопуларниот лик во олимпиското село. И подготвен е со сите во најпријатна атмосфера да поразговара. А, тој не е било кој спортист. Веројатно за брзо време ќе стане најдобриот тенисер во историјата на овој спорт. Огромна ѕвезда. Но, токму по ова се разликува од сите други ѕвезди. Пријатен, приземен, достапен за сите… И да. Навистина ужива, не само да биде дел од српскиот тим, туку и да искуси нешто поразлично од тениските турнеи“ – пишува „USA Todаy“.

Се вчитува...