Новак во финалето „збесна“…, имаше што да им каже на навивачите на Дел Потро (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ на феноменален начин стигна до титулата на УС Опен во меч против Мартин Дел Потро со атмосфера како на фудбалски натпревар.

Аргентинските навивачи направија се да го бодрат својот тенисер но не ретко со довикување се обидуваа да му сметаат и на Новак Ѓоковиќ. Па, Србинот во еден момент ги изгуби нервите и им се обрати на навивачите на Дел Потро. И, имаше што да им каже…. Организаторите на мечот веднаш реагираа и ги исфрлија Аргентинците кои довикуваа од трибините.

„Голема благодарност до моето семејство. Овој успех е благодарение на моите сакани кои секогаш се со мене и кога ми е најтешко. Сакам од срце да му честитам на Дел Потро затоа што е голем тенисер и пријател. И тој мина низ многу што претходните години и заслужи да се врати на ваков начин. Имаше и многу гласна поддршка од трибините, па ми се чинеше како да сме на фудбалски натпревар“ – истакна Ѓоковиќ по финалето во Њујорк.

Се вчитува...