Новак Ѓоковиќ го „сомле“ Камерон Нори во вториот четвртфинален дуел со што донесе лесна победа за Србија од 2-0 против Велика Британија и пласман во полуфиналето на Дејвис Купот.
Но, Ѓоковиќ наиде на постојан некоректен однос од страна на британските навивачи кои „урликаа“ за време на целиот меч а не дозволувајќи мирно да заврши и неговото задолжително ТВ-интервју по мечот. Па, не можејќи тоа да го слуша српскиот тенисер им се обрати во еден момент.
„Аман луѓе покажете барем малку почит кон играчите. Не знам повеќе на што личи сето ова, на што личи тенисот“ – им се обрати најпрво Новак, па дополни:
„Добро, слободно извикајте, така полесно ќе спиете“.
И во изјавата за медиумите присутни во Малага, Ѓоковиќ се осврна на начинот на кој неконтролирано се дереа Британците во обидот да му засметаат против Нори.
„Цел меч беше тоа непочит…, но мора да бидам подготвен за тоа. Непочит е тоа и за тенисот, како спорт. Нормално е навивачите некогаш да преминат граница, но ова е навистина надвор и од здрав разум“ – рече Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА