Новата Бундес-лига стартува со Баерн – Шалке

Новата бундеслигашка сезона ќе стартува на 18 септември со натпреварот меѓу Баерн Минхен и Шалке, по денешната ждрепка со која беше утврден целокупниот календар за натпреварување во елитното германско фудбалско друштво. Вообичаено прв натпревар од секоја сезона е оној во кој игра актуелниот шампион, а баварскиот гигант за ривал во првото коло го доби Шалке, меч што ќе се игра на „Алијанц Арена“.

Дерби на колото се очекува да биде пресметката меѓу Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах, додека во останатите редби од првата рунда се среќаваат: Лајпциг – Мајнц, Волфсбург – Баер Леверкузен, Ајнтрахт – Арминија, Унион Берлин – Аугсбург, Келн – Хофенхајм, Вердер – Херта и Штутгарт – Фрајбург.

Суперкупот на Германија меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд нема да се игра на почетокот од сезоната како што е вообичаено, туку е закажан за 30 септември во Минхен. Вечните ривали Борусија и Баерн ќе се сретнат во рамките од седмото коло на стадионот во Дортмунд. Германските прволигаши вообичаено имаат зимска пауза, но овојпат таа ќе биде скратена од шест на две седмици (од 21 декември до 2 јануари), за да може сезоната да заврши навреме пред крајот на мај, со оглед на фактот дека во јуни ќе стартува ЕВРО 2021.

Се вчитува...