Новата епизода на „Последниот танц“ носи ексклузивни снимки од Коби Брајант направени седум дена пред трагичната смрт

Документарниот филм посветен на Чикаго Булс и Мајкл Џордан „Последниот танц“ ги урива сите рекорди по гледаност во Соединетите американски држави. Во време во кое поради пандемијата на коронавирусот единствена забава за љубителите на спортот е токму документарецот за легендарната генерација на Булс од 90-тите години на минатиот век.

Првите четири епизоди веќе беа премиерно прикажани, а од ЕСПН и нетфликс најавуваат дека во следните две кои на програмата се во недела за првпат ќе се појави и Коби Брајант. Покрај инсерти од времето поминато на терените во двете епизоди ќе биде и разговорот со Коби кој бил направен една недела пред трагичната хеликоптерска несреќа во јануари годинава.

 

 

Се вчитува...