Новата НБА сезона нема да почне пред Божиќ

Новата НБА сезона нема да почне пред Божиќ 2020 сезона, потврди комесарот на лигата Адам Силвер. Откако првобитно беше планирано новата сезона да почне на 1. декември, раководството на лигата предводено од Силвер извести дека таа сепак нема да стартува пред Божиќ.

НБА драфтот ќе се одржи на 18. ноември, а не е за отфрлање целиот старт да биде пролонгиран и за почетокот на 2021 година, бидејќи главна цел на НБА е во новата сезона публиката да се врати на трибините.

Последен пат НБА лигата почна на Божиќ во 2011 година кога поради штрајк на кошаркарите имаше „локаут“.

Се вчитува...