Новата сезона во АБА-лигата почна со натпреварот меѓу Задар и Студентски центар од Подгорица. Сезона во која ќе игра и МЗТ Скопје, а ќе биде во еден поразличен формат од претходно со плеј-оф со осум екипи.
А, првиот дуел од сезоната вечерва во Задар заврши со помалку неверојатен резултат, со убедлива победа на домашните од 96-67.
Дека ќе биде тоа вечер на задрани се виде уште во првиот период од играта, а домашните потоа доминираа цело време за триумф од 29 поени разлика.
Во победничкиот тим одличен беше Лука Божиќ со 30 поени, 13 скока и седум асистенции, а кај гостите се издвои Флечер со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА