Нови детали: Колцов се самоубил поради Сабаленка, таа веќе има ново момче

Самоубиството на поранешниот белоруски хокеар Констанин Колцов е главна вест во јавноста во оваа држава, од каде пристигнуваат нови детали.

Како што јавува белорускиот портал „Трибуна“, причина за самоубиството бил прекинот на врската меѓу Сабаленка и Колцов и фактот дека тенисерката веднаш си нашла ново момче. Белорусинката во објавата на социјалните мрежи потврди дека не била во врска со екс-хокеарот дента на неговата смрт, но добро упатени извори тврдат дека Сабаленка веќе неколку седмици била со ново момче.

Колцов допатувал во Мајами во обид да се смири со долгогодишната девојка, но останал разочаран откако му било ставено до знаење дека нема шанси врската да продолжи. Неофицијално, тој бил во алкохолизирана состојба во моментот на падот од балконот од 23. кат во хотелот каде што престојувал, причина била невозвратената љубов, а нема начин да се докаже дали тој намерно скокнал или станува збор за случаен пад.

Американските медиуми до пред десетина дена шпекулираа дека новото момче на Сабаленка е бугарскиот тенисер Григор Димитров, со кого таа во ист авион допатува во Мајами. Сепак, добро упатени извори обелоденија дека Димитров не е „мистериозниот човек“ во животот на Белорусинката, кој по големата трагедија на Колцов сигурно уште извесно време ќе се крие од јавноста.

Се вчитува...