Нови детали околу убиството на американскиот кошаркар: Дошол да помогне, па…

Поранешниот НБА кошаркар Ејдријен Пејн беше убиен во понеделникот наутро во Орландо, додека се обидувал да и помогне на жена која била вклучена во семеен спор, пишува во судските документи кои беа објавени во медиумите.

Пејн и неговата девојка Татјана Мејс отишле во домот на убиецот Лоренс Дорити како би спречиле физичко насилство над неговата сопруга. Обвинетиот Дорити вели дека мислел дека кошаркарот тргнал да извлече оружје, па во самоодбрана морал така да реагира.

Истрагата покажа дека во возилото на кошаркарот не е пронајдено никакво оружје. Кошаркарот почина во болница еден час по немилиот настан.

 

Се вчитува...